Сања, по професија психотерапевт, ја вознемирила Србија со својот статус на Фејсбук
Имено, Сања јавно објавила дека станала жртва на маж со кого била интимна и дека тој сега ја уценува со објавување на нејзините приватни снимки.
Овој статус се прошири на социјалните мрежи во еден момент, а ние го пренесуваме во целост:
“Драги мои, овој пат ми треба вашата поддршка. За жал, си дозволив да верувам на една личност и да бидам интимна со него. Без мое знаење и согласност, таа личност снимила сè.
Сега тој се заканува дека ќе ги објави тие снимки и ќе ги испрати до важни луѓе. За да не го стори тоа, тој бара пари за возврат. Лицето веќе е пријавено во полиција.
Од Вас ми треба, ако случајно тоа видеодојде до Вас, да ми го проследите за да имам докази.
Ве молам, сторете го тоа, колку и да е непријатно за мене и за вас.
Не се плашам од вистината, ниту сум некој што ќе попушти пред улични закани, затоа што знам во кого да имам доверба и на што се гради мојот идентитет.
Исто така, не си дозволувам да живеам во страв, бидејќи немам од што да се плашам.
Однапред благодарам, Сања“.