Кралицата на поп-музиката, Бијонсе Ноулс, според тврдењето на нејзиниот татко Метју Ноулс била жртва на сексуално злоставување. 67-годишниот менаџер и бизнисмен изјави во интервју дека членовите на групата Jagged Edge сексуално ги злоставувале Бијонсе и Кели Роуланд кога биле тинејџерки. Ноулс не ги наведува имињата на мажите, но изјави дека сè се случувало во 2000-тите на нивната заедничка турнеја.
„Девојчињата имаа 16, а напаѓачите биле на возраст од 20 и 21 година. Беа малолетни. Морав да го разделам. Немаше друг начин освен да ги исфрлам момчињата од турнејата. Тогаш започна драмата. Бијонсе и Кели ми кажаа дека двајца членови од групата постојано ги малтретираат “, рече тој.

Пред крајот на интервјуто, водителот го прашал како ја решил ситуацијата во која групата мажи се обидела да спие со неговата ќерка, на што тој одговорил:

“ Да не зборуваме за тоа пред камерите“ – рекол татко ѝ на Бијонсе..

После тешките обвинувања се огласи и групата Jagged Edge Тие тврдат дека се што раскажал Ноулс е лага и дека немаат поим од каде потекнуваат овие информации.