Поранешната девојка на легендарниот холивудски глумец, Ал Пачино, Меитал Дохан, за израелскиот магазин “La’Isha“ ги откри причини за прекинот на двогодишната врска и го нарече својот бивш партнер “циција“.
40-годишната израелска глумица и 79-годишниот оскаровец беа заедно две години, и како што таа изјави, тој за неа бил старец.
“ Се обидов да преминам преку големата разлика во години, но искрено, и покрај големата моја љубов очигледно е дека тој бил за мене старец – вели глумицата кој го опиша Ал Пачино како скржав човек.
“ Не знам како пристојно би кажала дека не сака да троши пари… само цвеќе ми купуваше и ништо друго. Вистински циција.“ – изјавила израелската глумица.
Инаку, пред врската со Маитал Дохан, Ал Пачино имаше долга врска со аргентинската глумива Луција Соло, чија ќерка Камила Мороне веќе неколку години е девојка на Леонардо Дикаприо.
https://www.instagram.com/p/B7Cs6tInsGX/?utm_source=ig_web_button_share_sheet