Најубавата холивудска глумица Маргот Роби, во едно неодамнешно интервју открила кој од нејзините колеги актери најдобро се бакнува.
Имено, Маргот има снимено неколку жешки сцени со популарни актери, помеѓу кои е незаборавната сцена со Леонардо ди Каприо во филмот „The Wolf of Wall Street“. Се бакнуваше и со Вил Смит во филмот „Focus“, а во наградениот филм „I, Tonya“ разменуваше нежности со Себастијан Стен.
Во последно време се почесто се зборува за нејзиниот бакнеж со Бред Пит во „Babylon“, но според мислењето на Марго, еден актер се бакнува подобро од сите набројани холивудски заводници.
„Најдобро се бакнува Макс Ајронс со кој глумев во филмот „Terminal“. Се сеќавам, помислив дека е фантастичен“, признала Роби.
Актерката во една прилика откри дека снимањето на интимните сцени со Леонардо во „The Wolf of Wall Street“ ѝ било непријатно и дека дури планирала да го напушти актерството откако филмот ја имаше својата премиера. По некое време сфатила дека е добра во она што го работи, па продолжила и до денес доживеа огромен успех.