Поранешна стриптизерка од Лас Вегас сака да заработи од сеќавањето на нејзината бурна средба со принцот Хари во август 2012 година.
Кери Рајхерт (43) за The Mirror се присетила на вечерта во градот на гревот кога го бакнала тогаш 27-годишниот член на британското кралско семејство. Таа рече, што и да значи тоа точно, дека младиот Хари бил „прилично отворен“ кога се бакнувале.
– Беше едноставно пијан, се плеткаше наоколу. Немаше ништо романтично, само забава – додаде таа.
Рајхерт изјавила дека Хари бил вистински џентлмен, но многу исцрпен.
– Алкохолот влијаеше врз него. Таму бев од 15 до 20 минути – изјавила поранешната егзотична танчерка.
Таа се присетила како денешниот војвода од Сасекс свирел на воздушна гитара додека држел знак за базен кога пристигнале во неговиот апартман во луксузниот Енкор во одморалиштето Вин во Лас Вегас.
Принцот потоа се најде на насловните страници ширум светот бидејќи папараците го фатија целосно гол како се забавува со жена во бикини која стои зад него.
Рајхерт, која сега се вика Кери Ројал, рече дека принцот Хари и ги подарил боксерките што ги носел таа дива ноќ. Сега ги става на аукција со фустан и костим за капење кои самата ги носела, надевајќи се дека ќе заработи околу милион евра од страста на колекционерите кои се луди по Виндзорите или барем само по Хари.
– Хари стана многу здодевен, што е вистинска штета. Кога се забавуваше во Вегас, сите го сакаа него и неговото чувство за забава. Барем овие боксерки се потсетник за тоа каков бил кога бил принц на забавата. – изјавил портпаролот на танчерката за британските медиуми и продолжил – Штета е што деновиве е целиот депресивен и сериозен. Дури и како оженет татко на две деца, тој сепак треба одвреме-навреме да ја пушти косата или барем она што остана од неа.
Војводата од Сасекс размислувал за таа пијана ноќ за која се зборува и пишува со месеци, за време на интервјуто за подкастот „Armchair Expert“ на Дакс Шепард. Тој открил дека тоа се случило „неколку недели пред“ да замине во Авганистан. Шепард, пак, признал дека видел гола фотографија од принцот и не можел а да не се восхитува на неговата „неверојатна форма“.
Дивата забава во Лас Вегас е само еден од настаните во дивата младост на Хари што му ја донесе титулата развратен принц и крал на забавите. Денес е во брак со Меган Маркл, татко на две деца, бизнисмен кој има многу сложени и напнати односи со целото семејство, од кое побегна на друг континент. Единствено што остана исто е фактот дека Хари се уште е постојано под лупата и целта на медиумите поради секој збор, секое движење.