Американскиот глумец и режисер, Тимоти Хатон, обвинет е за силување од страна на поранешната канадска манекенка Сера Џонсон.
Сера, која сега има 50 години изјавила дека актерот ја злоставувал кога имала 14 години, а наводниот напад се случил откако таа и двајца пријатели биле повикани во неговата хотелска соба, кога во Ванкувер го снимал филмот „Iceman“.
Како што наведува Сера, Тимоти тогаш ја допирал и бакнувал без нејзина согласност, додека се обидувала да се одбрани и му зборувала: „Мислам дека тоа не е добра идеја“ и „Мислам дека мојата мајка не би била среќна поради ова“. Сепак, тој не запрел тука, иако таа го преколнувала да престане.
Сера исто така раскажала и дека актерот насилно ѝ ја соблекувал облеката, зборувајќи ѝ дека тоа ќе ѝ се допадне.
„Беше многу болно. Боже. Да, беше исклучително болно“ – изјавила таа за “BuzzFeedNews”.
Адвокатот на Хатон целосно ги отфрлил ваквите обвинувања, тврдејќи дека неговиот клиент никогаш немал средба со Сера. Тој објаснил дека единствената цел во овој случај е да се изнудат пари од глумецот. Сера наводно побарала 1,5 милиони доалри, за да молчи. Според пишувањата на американските медиуми, Хатон се согласил на 135.000 долари, нешто на што Сера не се согласила.
Инаку, Тимоти Хатон е добитник на Оскар за најдобар актер во филмот „Обични луѓе“.