Една од најголемите пејачки диви Ана Окса на 58 години изгледа фантастично. Корените ги влече од Албанија, и вистинското име и е Илириана Хоџа.
Со 15 години го имала првиот настап. Поради уникатниот и моќен вокал и емоциите што ги внесува во својата интерпретација, ја нарекоа “глас и срце“. Во текот на својата кариера поради еротичните стилизиран настапи и заводливиот гласовен потенцијал стана заштитно лице на најпознатиот италијанскио фестивал Сан Ремо. Својата популарност ја зголеми во 1988 година како водителка на најпопуларното телевизиско шоу “Фантастико“. Таа 1999 година ја преставаше Италија на Песната на Евровизија и го освои деветото место.
Ана Окса за јавнсто беше интересна и поради нејзиниот приватен живот. Зад себе има четири брака од кои најголемо внимание привлече нејзиниот трет брак, со контраверзниот милијардер од Косово, Беџет Пацоли, кој наводно пропаднал поради љубомората на Ана. Последниот брак и беше со 22-години помладиот телохранител Марко Сансонети со кој се разведе во 2009 година.
Ана Окса и натаму оди на турнеи, а беше дел и од жирито на популарниот натпревар на млади таленти во Италија “Амичи“.