Барбер од Франција бесплатно ишишал и избричил бездомник, а неговиот нов изглед воодушеви многу корисници на социјалните мрежи.
Видеото објавено на TikTok од францускиот славен фризер Давид Кодат покажува маж пред и по неговото средување.
Снимката доби илјадници лајкови, а многумина коментираа дека човекот изгледа непрепознатливо.„Косата и брадата менуваат сè“, е еден од коментарите.„Ова толку многу го подмлади“, напишал друг.
Инаку, Давид Кодат е познат француски фризер ,кој е сопственик на салон во Стразбур.