Регулаторната комисија за енергетика, ги објави новите цени на горивата кои стапуваат на сила од вечерва на полноќ.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар, и од утре ќе изнесува 86 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98 се намалува за 0,5 денари, и ќе се продава по 88,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 0,5 денари, и ќе се продава по 86 денари за литар.
Цената на екстралесното масло останува непроменета 85 денари по литар, а цената на мазутот се намалува за 0,1 денар и ќе изнесува 48,7 денари по литар.