Најмалку 50 лица се загинати во пожар во дискотека во Кочани (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Најмалку 50 жртви има во големиот пожар што избувнал во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на настап на популарна македонска група, на кој присуствувале 1500 посетители, потврдија од МВР за МИА.

До пожарот најверојатно дошло поради употреба на пиротехнички средства.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е во Кочани, а премиерот Христијан Мицкоски е на пат кон местото на трагедијата.

Наскоро се очекуваат првите официјални информации од местото на несреќата.

останати вести