Mегапопуларниот сопермодел Бела Хадид деновиве го изведе својот седми скок со падобран во Доха, каде што претходно присуствуваше на гламурозното доделување на наградите „Fashion Trust Arabia Prize“ во тамошниот национален музеј.
Тоа беше еден од културните настани кои го најавија претстојниот Светски фудбалски шампионат во Доха. За таа прилика избра гламурозен винтиџ изглед од колекцијата есен/зима 1986 година на Azzedine Alaia, а два дена подоцна носеше црн комбинезон од истата модна куќа за да скокне од авион.