Бела Хадид го искористи престојот во Кан за релаксација и забава.
27-годишната манекенка деновиве неколкупати беше фотографирана на француската ривиера додека пливаше и се забавуваше со пријатели на плажа и на јахта. Бикините со точкест принт кои ги носеше таа доаѓаат од италијанскиот бренд Bikini Lovers, а розовиот дводелен костим за капење е од With Jéan.
Бела во моментов е во врска со каубојот Адан Бануелос. Таа неодамна си купи куќа во Тексас за да живее поблиску до него.