Адријана Лима со години ја сметаат за една од најубавите и најзгодните жени во светот. Пред да се пензионира од модните писти, во 2018 година, беше една од најбараните манекенки и една од „Ангелите на Викторија“, титула која ја посакуваат сите убавици во светот на моделот. Но, и после тоа, таа продолжи да води бројни кампањи за луксузни брендови, но не толку интензивно како порано.
Славната Бразилка неодамна папараците ја фотографирале на улиците на Мајами како шета во лежерно издание – без трошка шминка, со немарна фризура, влечки и бели чорапи.
И не била сама, туку со помалата ќерка, 7-годишната Сиена која ја има од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ. Имаат уште една ќеркичка, 11-годишната Валентина.
Инаку, Адријана Лима има 39 години, а со Јариќ во брак беа од 2009 до 2016 година. И по разводот двојката остана во добри односи, пред се, заради ќеркичките.