БАНСКО МЕЃУ ЛИДЕРИТЕ-ДВАНАЕСЕТТИ ПАТ ЕДНОПОДРУГО ДОБИ ОСКАР  

by Тони Зографски

Специјално за улица.мк од Банско: Зоран Михајлов

        Еден ден по пуштањето во погон на 400 -тината  орудија (топови) за снег,зимско-рекреативниот центар Банско (Бугарија) се најде меѓу 25-те најдобри зимски центри во светот.

Имено  според анкетата на „Ворлдскиеварт“,која беше спроведена во траење од 16 недели, најпопуларниот ски центар кај нашиот источен сосед беше класифициран меѓу 25-те најдобри дестинации на планетата. Во анкетата,што  се спроведува секоја година,овој пат  беа опфатени 223  топ-локации. Во гласањето учествуваа 4,2 милиони луѓе од 143 земји. Во една толку масовна анкета – Банско доби гласови,кои по 12-ти пат и тоа -едноподруго  го наредија меѓу најдобрите зимско -спортски скијачки центри на Планетата и повторно стана носител на традиционалниот „Оскар“,кој се доделува на најпрестижните зимски центри. Ова претставува своевиден рекорд и признание за Банско,со кое уште еднаш  се потврдува неговата висока класа. Интересно е оти кога се сумираат резултатите од гласаовите на анкетираните, Банско е меѓу  најпосакуваните дестинации за зимување кај љубителите на планината. 

         Истовремено од страна на Лонели Планет  -„Бест травел 2025“,на саемот за туризам во Лондон Банско беше прогласен за една од топ-десет дестинации во светот кои нудат идеални можности за спорт,рекреација и разонода. 

          

          

        

останати вести