Жељко Јоксимовиќ покрај пеењето ќе инвестира и во нов бизнис. Тој ќе отвора три кабелски телевизии.
Сите три канали припаѓаат на фирмата Минакорд медија“, која Јоксимовиќ ја основал 17 мај оваа година.
Каналот Стајл Фајл ќе биде наменет за деца и пред почеток на емитување ќе го промени називот, додека ТВ ДР ќе биде посветен за здравство. Единствено К 1 ќе биде телевизија за музичка програма.
“Никој незнае од каде идеата дека Жељко ќе се посвети на телевизијата. Малку не изненади бидејќи во прашање е сериозен проект во кој треба да се вложат многу пари, но и времекаде што тој секако не ќе може сам. Голем залак е за него наеднаш да подигне три телевизии. Но колку што слушам, веќе ангажирал некои луѓе кои во таа област се доста долги години и се стручни. Интересно е што неговата сопруга Јована Јоксимовиќ, нема да биде засилување во ТК 1, поради договорот мора да остане во сегашната медијска куќа“- вели негов близок пријател.
Според негови зборови телевизијата на Жељко ќе стартува од јесен.