Француската глумица Жилиет Бинош (56) изгледала како олицетворение на гламурот на вчерашната премиера на филмот „La Bonne Epouse“ на филмскиот фестивал во Цирих.
Бинош се појавила во свилено одело со боја на сафир, под кое не носела ништо. Оделото со модерен крој го истакнувало нејзиното деколте и виткиот струк, а истото го искомбинирала со панталони – „ѕвонарки“.
Целиот изглед, Жилиет го надополнила со дијамантски накит, додека косата ѝ била фатена во ниска пунџа. На лицето имала минимална и нежна шминка.
Познатата актерка е една од ретките во својата бранша која не подлегнала на модерните техники за подмладување. Таа горди ги носи своите 56 години, покажувајќи ги облините типични за една жена во средните години.