Папарацо фотографите ги „уловија“ Кристијано Роналдо и Георгина Родригез додека се релаксираат на луксузна јахта, закотвена во монденското француско одморалиште Сен Тропе. Парот се сончаше и уживаше во одморот, а овие заеднички фотографии доаѓаат по шпекулациите дека се венчале во тајност.
Свршената двојка изгледаше расположено, но и нивните згодни фигури привлекоа внимание – додека Кристијано Роналдо е совршено извајан, со секој мускул јасно дефиниран, Георгина Родригез не е толку љубител на вежбањето и теретаната, но сепак изгледа фантастично.
Атрактивната црнка продефилира во едноставно бело бикини, а за долниот дел одбра атрактивни танга гаќички кои го истакнаа нејзиниот задник.
Очигледно, овој избор го воодушевил Роналдо, кој уживал во глетката на атрибутите на својата вереница, а го искористил и моментот кога Георгина се качувала на јахтата и „безобразно“ ја стиснал за задникот.