Откако пред десетина дена тв водителката и инфлуенсерка Миа Костова со хумористични видеа во сопствена режија на тапет го стави јавното здравство, сега инспирација и е јавната администрација.

Шалтерот како пример за соочување со суровата вистина на секојдневието во кое живееме…  Платата тече, а работата… кој колку може… другото може и да почека… Ден има и утре! Шалтерот и утре работи… А тоа што шалтерот повеќе личи на шанк отколку на шалтер, на домашна менза  или распена кафеана и службеничка ала „жена од султана“… Еј па Вие какви сте, на се’ да најдете мана!

Во самиот старт на видеото се тврди дека има за цел само да ве насмее, ликовите се измислени, а секое препопознавање е чиста случајност.