Бездомникот Елмер Алварез пронашол чек од 10.000 долари на улица и ѝ го вратил на сопственичката.
Немал поим каква награда ќе добие, но не ни помислувал да го задржи тој чек.
Чекот ѝ припаѓал на милионерката Роберта Хоски, а бидејќи била воодушевена од работата на Алварез, Хоски решила да го награди и да му го подобри животот, а сето тоа го пренесувала во живо на социјалните мрежи.
– Не знаеше кој е сопственикот на чекот, а не си ни свесен колку големо срце имаш – му рекла Хоски. Таа потоа му врачи сертификат за доброто дело што го направил и целосна училишна стипендија за Outreach Property Management, во чие училиште таа е директор.
Таа му обезбедила и часови по англиски јазик и интервју за работа, на кое ќе присуствува веднаш штом ќе го заврши курсот. На крајот му открила дека му договорила сместување во наредните шест месеци и дека финансиски ќе му помага додека не застане на нозе.
Видно шокираниот Алварез рече дека љубезноста на Роберта го инспирирала да се посвети на создавање подобра иднина за себе и за својата девојка.
– Имаше моменти во мојот живот кога не можев никому ништо да му дадам, а сега кога можам, тоа е неверојатно чувство – гордо изјавила Хоски.