Џејкоб Анферни Џон Јаран (25) кој работел како бебиситер е осуден на пет години затвор затоа што на двегодишно девојче ѝ ги ставила рацете во тенџере со врела вода, предизвикувајќи ѝ изгореници од трет степен.
Тој тврдел дека двегодишното девојче соборило сад со инстант тестенини и се повредило. Несреќата се случила пред три години во Мадингтон, југоисточно од Перт, пренесува Daily Mail.
Окружниот суд во Перт го прогласил за виновен за нанесување тешки телесни повреди по судењето минатата година. Изрекувајќи ја пресудата, судијата Алан Јанг рече дека иако можеби легитимно вриел вода, ја користел за да го истури својот гнев врз детето додека се грижел за двегодишното девојче и нејзината четиригодишна сестра.
Наместо да се јави на 911, Јаран ги ставил рацете на детето под ладна вода и ја повикал својата девојка, братучетката на девојчето, која потоа ја однела во болница.
– Беше исклучително повредена. Мислам дека знаевте колку е болно, а како оружје користевте врела вода. Не покажувате каење и не се јавивте на 911 за да ја заштитите“, рече судијата Јанг.
Девојчето страда од кошмари, вришти „не ме допирај“ во сон и ќе има потреба од повторени трансплантации на кожа во наредните години. Експерт за изгореници сведочел пред судот дека никогаш во кариерата не видела изгореници толку длабоки како оние на малото девојче. Повредите биле толку тешки што девојчето изгубило три нокти.
Судијата Јанг го оцени прекршокот за крајно сериозен и го осуди на пет години затвор со три години без условен отпуст. Дедото на девојчето на новинарите пред судот им рекол дека казната требало да биде построга.
– Ќе излезе за неколку години, а внуката ќе има лузна доживотно, рече тој.
Додека бебиситерот монструм излегуваше од судницата, член на семејството на Јаран извика дека ќе поднесе жалба на казната, јавија австралиските медиуми.