Масимо Савиќ почина на 61 година, а по повод неговата смрт, се огласи неговата девојка од младоста, српската пејачка Драгана Шариќ попозната како Беби Дол.
„ Масимо беше голем човек и уметник. Ќе го паметам само по добро. Не знаев дека бил болен. Тажна сум. Сочувство до семејството“, изјавила Беби Дол за српски „Курир“.
Беби Дол и Масимо беа една од најпознатите двојки во осумдесеттите.
„Беше упорен и еднаш ме пречека на аеродром со цвеќиња. Тогаш почна сѐ“, се присетила пејачката во една прилика на почетоците на нивната врска, а открила и зошто раскинале. „Не можевме да се договориме каде ќе бидеме. Во Истра, Загреб или во Белград“, рекла Беби Дол.
Во 1989 година Масимо ја запознал Ени Кондиќ со која бил во брак до неговата смрт, а имале еден од најстабилните бракови на сцената. Тие се запознале во куќата на аранжерот Крешимир Клеменчиќ, кој тогаш интензивно работел со Јосипа Лисац.
Ени за Јосипа ги направила песните „Богиња“ и „Јутро“. Масимо еднаш изјавил дека кога ја здогледал Ени, помислил дека таа е „премногу паметна и премногу строга за него и дека му изгледало дека е надвор од неговата лига“.