Легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер би можел да има проблеми со сопругата славната тенисерка Ана Ивановиќ поради коментарите кои ги дава во живо за време на ЕУРО 2024.
Светската фудбалска легенда е стручен консултант во Германија на емисија посветена на Европскиот шампионат .
Популарниот Швајни во емисија во живо ја коментираше свршениците на капутенот на Португалија, Кристијано Роналдо, бујната Георгина Родригез.
За време на дуелот меѓу Португалија и Чешка, сопругот на екс тенисерката Ивановиќ коментираше снимки од 14. роденден на најстариот син на Кристијано Роналдо за време на преносот на АРД.
Во видеото Георгина облечена во тесно боди и бициклистички , на многу провокативен начин му го подари дресот на Германија на Кристијан Јуниор.
Schweinsteiger ist ein toter Mann wenn das seine @anaivanovic mitbekommt pic.twitter.com/V7Z1YQ44Ra
— barney (hawk.tuah) (@barnabus__s) June 18, 2024
– Нешто се случува таму… Што гледаш? – и вели Бастијан на новинарката Естер Седклачек.
Кога сфатила дека Бастијан не зборува за дресот на Германија, туку за изданието на Георгина, новинарката Естер вели: „О Басти… Во дресот, дресот на Германија!“