Холивудскиот актерот Долф Лундгрен се сврши со фитнес-инструкторката Ема Крокдал, 39 години помлада од него, но во последно време е на удар на критичарите затоа што ја третира својата помлада свршеница како слугинка.
Имено, 65-годишниот актер го оперирал зглобот кој што го мачи уште од раната младост, што решил да го направи главно заради својата вереница за да може да го следи нејзиното темпо на живот. Лундгрен неодамна коментираше дека е „многу среќен што има некоја како Ема на оваа возраст“ и додаде дека со неа добил и „помош и поддршка која му била потребна долго време“. Но, неговата изјава предизвика лавина од коментари.
„Бараше ли љубов или слугинка“, „Не е ни чудо што девојката не може да се насмее кога се грижи за својот дедо“, „Не разбирам зошто младите и убави девојки си го прават ова“, „Факт е дека Долф е фраер, но ова звучи како дека му треба некој да му ги смени пелените кога ќе порасне“, „Ова звучеше како оглас за работа“, е само дел од она што луѓето го напишаа на интернет.
Инаку, Лундгрен зад себе има два брака. Првиот со Пери Мама траеше едвај една година. Вториот пат ѝ го кажа судбоносното „да“ на Анет Квиберг со која остана во врска 17 години и со која добија две ќерки Грета и Ајда, која е на иста возраст како неговата сегашна свршеница Ема.
Фитнес инструкторката ја запознал случајно во теретана и таа не знаела кој е тој во тоа време. Се вели дека Ема многу потсетува на неговата ќерка Ајда. Долф истакнал и дека неговите деца ја прифатиле неговата девојка и дека 39-годишната разлика во години не им претставува проблем.