Популарниот шпански готвач Дани Гарсија се осврна на Викторија Бекам и рече дека имала бизарни и комплицирани барања за време на вечерата на свадбата на Серхио Рамос и Пилар Рубио.
– Беше многу чудно. Викторија Бекам го смени целото мени – изјави тој во интервју за шпанската телевизија.
– Сакаше се поинаку и да ѝ служиме исклучиво зеленчук, а имаше и некои други чудни работи што ги немав видено во животот. Со себе имаше кокосова вода, чинија со нане и хидроалкохолен гел, што сега е многу добро познат, но тоа не беше тогаш затоа што пандемијата на Ковид се уште не беше започната – додаде тој.
-Беше многу комплицирано да ја услужиме таа вечер – заклучил тој.
Необичните навики во исхраната на Викторија се предмет на расправа со години.
За време на Евро 2004 година, таа наводно следела диета со јагоди и минерална вода, а претходно открила дека нема да јаде храна подготвена во масло, путер или сосови и дека нема да јаде црвено месо или млечни производи.
Минатата година таа изјави дека омиленото јадење ѝ е тост од цело зрно со сол.
– За повеќето ресторани веројатно сум најлошиот кошмар – истакна тогаш таа.
Инаку, Викторија Бекам веќе 25 години е на ригорозна диета која вклучува само риба на скара и зеленчук на пареа!