Џејн Фонда е една од најголемите актерки во Холивуд. Таа остварила многу важни улоги, а откако во 60-тите години ја започнала својата кариера, набрзо потоа освоила два Оскари. Иако во 1990 година направила 15-годишна пауза, таа била посветена на некои други теми, како што се правата на жените и ЛГБТ лицата, а инаку се декларира како феминистка.
Поради својот необичен и длабок глас, добивала забележителни улоги, а дури била и една од неколкуте ѕвезди кои јавно го осудиле американскиот напад на Виетнам и Ирак.
Во најновата епизода на „Watch What Happens Live“, таа јавно го изнела тврдењето дека францускиот режисер Рене Клемент барал да биде со него во текот на снимањето на филмот „Joy House“.
Водителот ѝ побарал да наведе една личност од која доживеала една таква непријатност, а популарната актерка веднаш го изговорила името на Рене.
„Бараше да спијам со него затоа што, како што рече, мојот лик во филмот треба да доживее оргазам, па сакаше да види како тоа ќе изгледа. Го кажа тоа на француски, а јас се трудев да изгледам како да не разбирам“, изјавила актерката.
„Дете, имам за тебе приказни и приказни, но немам време“, му рекла Џејн на водителот. .
Рене тогаш имал 51 година, додека Џејн 27. Тие години тој бил еден од ценетите француски режисери, освоил дури пет награди на Канскиот фестивал во текот на кариерата. Тој починал во 1996 година на 82-годишна возраст.