Специјално за улица.мк од Банско: Зоран Михајлов
Еден ден по пуштањето во погон на 400 -тината орудија (топови) за снег,зимско-рекреативниот центар Банско (Бугарија) се најде меѓу 25-те најдобри зимски центри во светот.
Имено според анкетата на „Ворлдскиеварт“,која беше спроведена во траење од 16 недели, најпопуларниот ски центар кај нашиот источен сосед беше класифициран меѓу 25-те најдобри дестинации на планетата. Во анкетата,што се спроведува секоја година,овој пат беа опфатени 223 топ-локации. Во гласањето учествуваа 4,2 милиони луѓе од 143 земји. Во една толку масовна анкета – Банско доби гласови,кои по 12-ти пат и тоа -едноподруго го наредија меѓу најдобрите зимско -спортски скијачки центри на Планетата и повторно стана носител на традиционалниот „Оскар“,кој се доделува на најпрестижните зимски центри. Ова претставува своевиден рекорд и признание за Банско,со кое уште еднаш се потврдува неговата висока класа. Интересно е оти кога се сумираат резултатите од гласаовите на анкетираните, Банско е меѓу најпосакуваните дестинации за зимување кај љубителите на планината.
Истовремено од страна на Лонели Планет -„Бест травел 2025“,на саемот за туризам во Лондон Банско беше прогласен за една од топ-десет дестинации во светот кои нудат идеални можности за спорт,рекреација и разонода.