Популарниот турски актер Бурак Озџивит неодамна стана татко, а сега на социјалните мрежи се појави првата фотографија од глумецот со бебето. Бурак, кој стана познат по улогата на Бали Бег во серијата „Сулејман Величенствениот“, на една фотографија со солзи во очите го држи синот Каран во рацете.
Сопругата Фахрие Евџан синот му го подари на 13-ти април, а уште пред да се роди славните родители му отворија Инстаграм профил на кој уште сега има 142 илјади следбеници.