На Фејсбук и Инстаграм се појавија профили кои ги носат името и логото на некогаш многу популарната А1 телевизија која згасна пред 11 години.
Според најавите, засега ќе биде достапна само преку интернет платформите, но секогаш постои опцијата дека ќе се врати и во ТВ-етерот.
Според содржините кои се објавени на Инстаграм профилот, ќе се репризираат сериите „1001 ноќ“ и „Езел“, но и ќе се прикажуваат „Дајте музика“, како и „Ѕвездите на Гранд“.