Во интервју за Слободен печат премиерот Зоран Заев за прв пат ја отвора можноста за формирање Влада на Национален спас во која би влегла и опозицијата.
„Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Прв пат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицкоски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема нека го тргнат и Заев само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас -премногу ни е поделен народот.
Тој вели дека ја фрла ракавицата и отворам првпат оваа можност
„Се обидов на секој начин, кажав дека со Груевски можев да најдам решение, но со Мицкоски не можам. Не знам што друго да направам! Еве сега го отворам и ова, иако имам мандат до 2024, но и во вакави околкности отворам можност да дебатираме. Кога сакаат тогаш, од утре, после локалните, кога се спремни сите – тогаш“, вели Заев.
извор: https://www.slobodenpecat.mk/