Украинската тенисерка Марта Костјук се најде во центарот на вниманието на јавноста пред почетокот на Вимблдон, но не со игра или победа на теренот, туку со провокативна фотка во познат магазин.
22 годишната Марта полугола заврши на насловната страница на магазинот „Вог“.Што секако е мголемо и неочекувано изненадување од 18 тенисерка на светската ВТА листа.
Марта позирала со голи гради, но истите ги покрила со рацете за да не ја премине границата на пристојноста.
Долу носи бело најлонско здолниште-шорцеви.
Во вакво издание атрактивната Марта било планирано да се најави Олимписките игри,но сепак тоа е променето.
Инаку младата Украинка уште од детството е голем фан на Новак Ѓоковиќ.
Како девојченце Марта сакала да се омажи за Новак Ѓоковиќ.
– Сакав да се омажам за него кога бев мала, но престанав да размислувам за тоа кога наполнив 13 години. Нема шанси! Разликата во години е преголема – се пошегува еднаш, кога се присетила на детските фантазии, атрактивната Марта.