Македонскиот документарен филм “Медена земја“ продолжува да ја шири својата популарност во меѓународни рамки.
Имено, британската авиокомпанија „Бритиш Ервејс“ овој филм го ставила во пакетот што им го нуди на своите патници да го гледаат на долгите меѓуконтинентални летови.
Оваа информација на својот Фејсбук профил го објави новинарката Маја Петрушевска, која долги години живее во Лондон и работи во британскиот јавен сервис BBC.
“Honeyland“ на долги летови на ” Бритиш ервејс“, напиша Маја на својот Фејсбук профил.
Инаку, на 9 февруари годинава, ќе се одржи 92-то издание на доделувањето на највредната филмска награда Оскар, а “Медена земја“ е номинирана во две ктегории, за најдобар документарен, како и најдобар странски филм.