Холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм на кој ја следат преку два милиони луѓе од цел свет се пофали дека добила подарок од Атиџе.
-Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна. Ако сѐ уште не сте го гледале „Медена земја“, одете! – напиша таа под фотографијата со подарокот.
Инаку, уште пред доделувањето на Оскарите, Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер ги напиша впечатоците за документарниот филм „Медена земја“.
– Колку совршен момент за овој филм. „Медена земја“ е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум – напиша таа.