Димитар Апасиев од Левица на својот профил на Фејсбук ја соопшти намерата на партијата за укинување на извршителите поради тоа што, освен нив, се богатела и ДУИ.
“Во Македонија има 650 судии, а според европски просек треба да има 400. Значи, имаме 250 судии „технолошки вишок“! Левица вика: ќе ги укинеме ИЗВРШИТЕЛИТЕ и ќе воведеме специјални судии-извршители, кои наместо за профит ќе работат за државна плата како и сите други судии.
Плус, годинава опадна и единствениот аргумент во корист на извршителите – ефикасноста во нивната наплата падна под 50%! Оттука, нема ни една разумна правна причина за нивно понатамошно постоење во нашиот правосуден систем, освен нивното лично богатење и полнењето џебови на ДУИ, оти митото за да те назначат за извршител оди преку нив“, напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.