Претседателот на политичката партија „Левица“, Димитар Апасиев повторно бранува со својот пост на социјалната мрежа „Фејсбук“. Тој посочува оти голем број лица кои на некој начин биле поврзани со владините тела успеале да вработат свои роднини во Агенцијата за електронски комуникации која важи за, како што и Апасиев ја нарекува „златна кокошка“ каде платите се невообичаени за наши услови.
– Додека вашите деца се иселија во Германија, за плата од 1.500 ЕУР, нивните си ги вдомија во АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ, за плата повисока од премиерската! Роднини на министри, судии, доктори, амбасадори и новинари ја цицаат АЕК. Во оваа “златна кокошка” работат: сопругата на Бујар Османи, сопругата на Протоѓер, сопругата на Кирил Божиновски, сопругата на Латас, ќерката на Андреј Лепавцов, ќерката на Елена Гошева, синот на Бухова, ќерката на Цветанка Периќ… (продолжи ја низата непотистичка) – пишува тој на Фејсбук.