Поранешен борец на УЧК предлог на МНР за амбасадор во Швајцарија

by Тони Зографски

Министерството за надворешни работи на Македонија за нов македонски амбасадор во Швајцарија, Берн, го предлага Реџеп Демири, актуелен генерален конзул во Минхен, по предлог на ДУИ, објави МКД.мк.

Демири е поранешен борец на УЧК кој експресно напредуваше во дипломатијата, активен е на социјалните мрежи и не пропушта честитки поврзани со УЧК, како таа за „ослободување“ на Слупчане и областа Карадак.
-Честит 2 мај 2001! Стотици борци на ОНА заземаа точки за да ја заштитат татковината, правата и албанскиот дух насекаде. Засекогаш во нашите сеќавања, маченици на нацијата. Слава им-напиша конзулот на Фејсбук пред две години.

На предлог на СДСМ, Андреј Жерновски е можниот нов македонски амбасадор во Белград, Република Србија,

останати вести