Холандскиот „крал на валцерот” Андре Риу заедно со својот оркестар „Јохан Штраус”, во ноември повторно ќе настапи во Скопје како дел од својата светска турнеја.
„Јас и мојот оркестар сме многу радосни за повторното гостување во Скопје во склоп на нашата светска турнеја. Концертот во 2019-та беше навистина емотивен и незаборавен, а прекрасната публика не’ пречека со огромен ентузијазам. Со нашето враќање во ноември ја прославуваме љубовта, животот и секако, музиката” – вели Андре Риу.
Инаку, концертот ќе се одржи во С.Ц. БОРИС ТРАЈКОВСКИ на 27-ми ноември 2020 година.