Ана Курникова и Енрике Иглесијас многу ретко им дозволуваат на фановите да ѕирнат во нивниот приватен живот.
Поранешната тенисерка сега објави слатки фотографии од Енрике со нивните три деца. Повод за тоа беше Денот на таткото, кој завчера се славеше во многу земји ширум светот.
На нив, 49-годишниот пејач позира со близначињата Николас и Луси и најмалата ќеркичка Мери.
„Среќен роденден на мојот маж. И на сите татковци“ – напиша Ана.