Ана Курникова, некогаш најпопуларната тенисерка на светот, е видена при една прошетка, при што фотографиите од сопругата на Енрике Иглесијас ги загрижија нејзините фанови.
Курникова била фотографирана додека била во Мајами, во друштво на ќерките, сестрата и пријателите, каде што оделе на шопинг.
И покрај тоа што е интересен фактот што таа се појави во јавноста за прв пат по две години, нејзините обожаватели со право се загрижени за состојбата во која е фотографирана Курникова.
Имено, додека пазарела во Мајами била во инвалидска количка и носела протеза на ногата. Не е познато што го предизвикало ова, но забележливо е и дека, покрај ногата, ѝ бил преврзан и еден прст.
Во последно време, Русинката не се појавува во јавноста.
Таа е во брак со познатиот пејач Енрике Иглесијас, со кого имаат две ќерки.
Луси има седум години, додека Мери сега ќе го слави четвртиот роденден. Ана и Енрике имаат и синче Николас, кој е близнак со Луси.