Пејачката Анабела Атијас го ангажирала Дарко Димитров и искеширала дури 20.000 евра за три песни кои нејзината ќерка Луна треба да ги сними во студиото на македонскиот продуцент.
Луна во моментов е дел од реалното шоу „Задруга 2“, но откако ќе заврши шоуто, ќе дојде во Скопје да ги сними песните. Идејата да почне музичка кариера ја имала и лани, но снимањето на песните го одложила заради учеството во реалното шоу.
Според магазинот “Свет“, и Димитров бил воодушевен од идејата и веднаш прифатил да ѝ направи песна на Луна.
Инаку, претходно македонскиот продуцент и направил два големи хитови на ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ.