Ријалити ѕвездата и текстописец Кајл Џејкобс (49), сопруг на реалити ѕвездата Кели Пиклер, е пронајден мртов по веројатно самоубиство во нивната семејна куќа во Нешвил, Тенеси, јавуваат американските медиуми.
Според полицискиот извештај, тие го примиле повикот во петокот во 2 часот и 30 минути, а по пристигнувањето „го пронашле телото на граѓанинот Кајл Џејкобс, кој починал од самонанесена прострелна рана“. Телото било пронајдено на катот, во неговата работна соба.
Според полицијата, Кели Пиклер се разбудила малку порано, видела дека нејзиниот сопруг не е до неа во креветот и отишла да го бара. По некое време, таа и нејзиниот личен асистент откриле дека вратата од работната соба на Кајл е заклучена, а асистентот повикал полиција.
Џејкобс и Пиклер започнаа да се забавуваат во 2009 година, а се венчаа во 2011 година. Учеството во „Американски идол“ го заврши во 2010 година на 6-то место, а заедно беа ѕвезди на реалити програмата „Ја сакам Кели Пиклер“, која почна да се емитува во 2015 година.
Џејкобс е најпознат по компонирањето и продукцијата на песни за големи американски фолк и поп ѕвезди, како што се Гарт Брукс, Тим Мекгро, Ли Брајс, Кели Кларксон, како и самата Пиклер.