Шокантен случај на пресметка помеѓу бившите сопружници се случи во Индија. Американец со ланци ја врзал за дрво бившата сопруга, во џунгла, осудувајќи ја на постепена смрт. По 40 дена викање за помош, жената ја слушнал овчар којшто повикал помош.
Лекарите и полицијатаја пронашле педесетгодишната жена целосно исцрпена и дехидрирана во близна на селото Сонурли во централниот дел од Индија . Таа била приморана цело време да преживвува без храна, а консумирала вода само кога имало дожд.
Според „ Локмат Тајмс“ жената едвај зборувала. Покасно таа успеала да им каже на лекарите дека бившиот по расправија сопруг ја однел на местото кадешто ја пронашле, каде и ставил инјекција и ја врзал ногата за дрво. Спасителите морале да го исечат ланецот со брусилка. Десната нога на жената којашто и била врзана за дрвото била многу потечена.
Во многу лоша состојба била примена в болница каде лекарите и ја пружиле сета потребна нега. Според последните информации, таа веќе не е во животна опасност но и понатаму се соочува со психички проблеми.
Жената е родена во САД и има американско државјанство. Меѓутоа последните 10 години живеела во Индија и била мажена за маж од јужноиндиската држава Тамил Наду. Во меѓувреме против него полицијата отвори кривична постапка поради обид за убиство и органичување на личната слобода.
https://twitter.com/i/status/1817909733396996170