Холивудскиот глумец Ал Пачино (78) кој беше номиниран за најдобра машка споредна улога, за своето остварување во филмот „Ирецот“ на Мартин Скорцесе имал непријатнопст на црвениот тепих.
Имено, Пачино се појави на доделувањето на наградите БАФТА во друштво на неговата израелска колешка и пејачка Меитал Дохан (39), со која е во врска од септември минатата година.
Токму таа го „спасила“ Пачино кога качувајќи се по скалите се сопнал на црвениот килим и паднал на нос. Двојно помладата девојка му подала рака, а и други колеги му помогнале на актерот да застане на нозе.
„Не е забавно доколку некој не се струполи на тепихот. Овој пат тоа беше Пачино“, коментираа обожавателите на друштвените мрежи.