Актерот Лазар Ристовски моментално ужива на егзотично патување со 39 години помладата девојка Аница Лазиќ.
Лазар и Аница заедно отпатувале на Малдиви, а актерката на својот Инстаграм профил споделила заедничка фотографија.
Имено, на фотографијата тие двајца се прикажани како излегуваат од водата држејќи се за раце.
„Кога тој ме води, јас не прашувам каде“, напишала Аница во описот на фотографијата.
„Јас не фантазирав многу за венчавка кога бев девојче, ниту денес тоа ми е многу важно. Јас тоа повеќе го гледам како форма, а мене поважна ми е суштината. Нас жените ни годи да носиме венчаници. Не патам од тоа да се венчам, поважно ми е да ја живеам суштината на љубовта, а тоа веќе го имам, му благодарам на Бог“, изјавила таа.