Холивудскиот актер и режисер Бредли Купер и манекенката Џиџи Хадид оваа недела уживаа во рандеву на Бродвеј, но фотографијата од парот објавена на Инстаграм остави многумина збунети.
Двојката присуствуваше на изведбата на мјузиклот „Чикаго“ на 9 ноември за да ја поддржи Алиса Милано, која ја презеде улогата на Рокси Харт во театарот „Амбасадор“. Алиса објави фотографии со нејзините пријатели по шоуто за да им се заблагодари за поддршката.
„Бредли, Џиџи, Ерин, Мишел – и многу други со кои немам фотографии. Ви благодарам на сите што дојдовте да ме видите во мјузиклот „Чикаго“. И ви благодарам на сите што ме чекавте на студот пред вратата на сцената. Моето срце е полно“, напиша таа.
Многумина заклучија дека фотографија е премногу монтирана. Првата од неколкуте фотографии во серијата беше на која Алиса позира со Бредли и Џиџи. Нејзините следбеници забележале дека Бредли и Џиџи изгледаат поинаку од вообичаено.
„Премногу Фејстјун“, „Неверојатен Фејстјун“, „Па Бредли е непрепознатлив на оваа фотографија“, „Најлошиот фотошоп досега“, „Жено, смири се со тој Фејстјун“, „Зошто сите изгледаат како да се уредени од вештачката интелигенција?“, „Дали е и Бредли на оваа фотографија?“, „Дали е тоа Бредли? Ако е така, имам прашања“, „Ова не е Купер освен ако не направил фејслифтинг“, се дел од коментарите на следбениците.
Џиџи и Купер не сакаат да зборуваат за нивната врска. Тие се во врска од октомври минатата година, кога првпат беа видени заедно. Тие сакаа да ја држат својата романса подалеку од јавноста што одредено време беа во куќа на Род Ајленд во сопственост на нивната пријателка, пејачката Тејлор Свифт.
Сепак, на неодамнешната ревија на „Викторијас сикрет, манекенката ја потврди врската. Џиџи изјави дека Бредли не дошол да го гледа шоуто.
„Бредли гледа од дома, се грижи за децата, но многу ме поддржува. Моите пријатели доаѓаат на шоуто, многу пријатели”, рекла Џиџи и со тоа ја потврдила врската со актерот.