Познатата македонска актерка Силвија Стојановска попледнево е однесена во Кривичниот суд каде ќе биде изведена пред судија на претходна постапка.
Овие информации неофицијално за Фокус ги потврдија извори од Кривичниот суд, а порталот „Јанакизнае“ претходно попладнето објави дека македонска актерка со иницијали С.С. била уапсена во врска со заплена на огромно количество кокаин во Шпанија.
Обвинителството побарало мерка притвор за актерката, но од таму сѐ уште нема официјални информации.
Стојановска последните години е актуелна со нејзината улога во македонската серија „Фамилијата Марковски“.