Пејачот и еден од основачите на Ролинг Стоунс, Мик Џегер (81), освен по легендарните песни, е познат и по турбулентниот приватен живот. Поради тоа често се наоѓал во фокусот на медиумите, а многумина го критикувале поради начинот на кој се однесувал со девојките.
Особено се вознемирувачки приказните за тоа како Мик Џегер ја оставил својата партнерка затоа што имала проблеми со зачнувањето. Неговите девојки биле под притисок бидејќи тој имал големи очекувања за потомството и инсистирал тие што побрзо да се остварат како мајки.

Иако овие приказни не се однесуваат конкретно на Џери Хол, американската манекенка и актерка со која Мик започнал љубовна приказна кон крајот на 1970-тите, таа по нивното раскинување открила дека тој имал свои идеи за проширување на семејството, од кои не отстапувал и дека тоа придонело за тензиите во нивниот однос.
Тие се запознале во 1976 година, додека Мик сè уште бил во брак со Бјанка Џегер. Тие никогаш не се венчале, но одржала свечена церемонија на Бали. Љубовта „пукнала“ во 1999 година, а за време на врската добиле четири деца.

Џери за Џегер рекла дека е прекрасен татко, но ужасен сопруг. Фронтменот на култната група постојано истакнувал дека со Хол го имал најдобриот сексуален живот. Мик бил познат и по тоа што ги изневерувал своите партнерки, што доведувало до проблеми во неговите емотивни односи.

Од 2014 година, партнерка на Мик Џегер е Мелани Хемрик, која е 43 години помлада. Станува збор за американска кореографка и поранешна балерина на Американскиот балетски театар, од кој по петнаесет години се повлекла во 2019 година. На крајот на 2018 година го добиле синот Девер. Мик има осум деца од бројни врски и афери.