Познатата пејачка и повеќекратна добитничка на Греми, Ријана откри во интервју за британски „Closer“ дека божиќните празници ќе ги помине во родниот Барбадос.
– Важно е да се биде со пријателите и семејството. Чувствувам неверојатен мир кога сум дома, на Барбадос. Тоа е најубавото место со најдобри плажи, храна и луѓе – рече Ријана, која призна дека во моментов ја завршува својата прва книга со рецепти од Барбадос.
На оваа идеја дошла додека била „заклучена“ во карантин, па поминала многу време во кујната.
– Го сакам она што го работам, но секогаш сум зафатена и карантинот ми даде време да правам работи што инаку не би можела да ги правам, а тоа е да готвам и да шетам. Важно е да правиме мали работи во кои уживаме и да сме нежни кон себе – објаснува поп-sвездата, па се надоврза на својата диета.
– Се обидувам да се хранам здраво секој ден, но не се откажувам од калорична храна. Сакам пита со месо, макарони и сирење, рум пунч … Ако сакам чизбургер, тогаш ќе го изедам. Исто така, ќе вежбам три или четири пати неделно.
Што се однесува до новогодишните ветувања, пејачката вели дека нејзината главна цел е да ја подигне својата музика и брендот „Savage X Fenty“ на повисоко ниво во 2021 година.