Премиерот Зоран Заев на прашање за тоа дали ќе бара одговорност од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ кој викендов се венчаше на Косово, во врска со испратените пораки премиерот рече дека Македонија ги поддржува своите соседи и дека доколку постоеле провокации ги осудува .
“Ги читав изјавите на Саша Богдановиќ градоначалникот на општина Центар тој се поврзува со неговите верувања и јасно кажа дека тука не му е забрането, да направи свадба, но заради историската поврзаност тој со својата избраничка ја направи прославата и се венчаше во Косово.Тој тврди дека се оградува од поединци кои присуствувале на нивниот венчален момент. Ако имало порака на провокација, јас ја осудувам. Ние сме авангарда за „Едно општество за сите“. Ние нашите соседи ги поддржуваме“ изјави Заев.
Инаку, покрај Богдановиќ, поранешниот пратеник Амди Бајрам минатиот викенд организираше свадба, но во многу поголеми размери. Тој организираше свадба за својата внука во Истанбул со 600 гости, од кои дури 370 биле од Македонија