Доцна синоќа преку својот Фејсбук профил Димитар Апасиев напиша дека има сознание дека Владата наводно прифатила во Договорот со Бугарија да биде прифатено од наша страна дека македонскиот јазик е заснован на западно-бугарски дијалект. Како што порача Апасиев, доколку ова е вистина, тогаш тоа е прогласување на тотална војна против народот.
“Ако е вистина дека Владата прифатила оти македонскиот јазик е заснован на западно-бугарскиот дијалект, тогаш тоа е прогласување тотална ВОЈНА ПРОТИВ НАРОДОТ!
Со оглед на драматичноста и сериозноста на ситуацијава во која сме доведени како народ, а која може неочекувано да се радикализира и да ескалира во следниов период, искрено апелирам до сите слободомислечки наши сограѓани, да создадеме силен и обединет Опозициски антивладин фронт против ова зло кое Македонија го немала од АСНОМ до денес. Да ги закопаме секирите додека да го кутнеме сатрапот Заев, а после пак ќе “ратуеме” – кој на лево, кој на десно. Ако ова не го сконтаме, пред нос ќе ја изгубиме Републиката, а тешко дека следните генерации ќе си ја повратат. Памет у глава и егото на страна. Долг е патот на Борбата!“, порача Апасиев.