Адријана Лима зачекори на црвениот тепих во Лос Анџелес и ги размрда прстите на фоторепортерите.
43-годишната манекенка, која во минатото ги носеше крилјата на Victoria’s Secret, му ја даде поддршката на саканиот Андре Лемерс на премиерата на неговиот филм „The Ticket“.
На настанот во Калифорнија, синооката Бразилка и 43-годишниот продуцент се појавија со четири од нивните пет деца. Ќерките Валентина и Сиена таа ги има од поранешниот брак со Марко Јариќ, додека Андре ги има ќерката Миа и синот Лупо од претходна врска.